Wednesday, 20 September 2017

Белград

Белград (српскиБеоград или Beograd) е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров.[1]Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе.[2] Тоа е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по ИстанбулАтина, и Букурешт.





Wednesday, 13 September 2017

Главен Град во Франција

Француска Република или Франција(францускиRépublique française или France) (За оваа звучна податотека /ˈfræns/  — демократска држава чиј главен дел од територијата (метрополитенскиот дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површина е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (метрополитенскиот дел) со 62.448.977 жители (1 јануари 2009), во чиј состав влегуваат прекуморски домени и територии (DOM — TOM) лоцирани на други континенти, па вкупната површина изнесува 675.417 км2, а вкупното население од 65.073.482 жители (1 јануари 2009). Главен град е Парис.
Ајфелова кула

Франција се граничи со БелгијаЛуксембургГерманијаШвајцаријаИталијаМонакоАндора и Шпанија. Франција со своите прекуморски домени и територии исто така се граничи со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со Антилите (во делот на Сен-Мартен). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку каналскиот тунел, кој минува под Англискиот Канал, односно Ламанш.