Француска Република или Франција(француски: République française или France) (
/ˈfræns/ (помош·инфо) — демократска држава чиј главен дел од територијата (метрополитенскиот дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површина е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (метрополитенскиот дел) со 62.448.977 жители (1 јануари 2009), во чиј состав влегуваат прекуморски домени и територии (DOM — TOM) лоцирани на други континенти, па вкупната површина изнесува 675.417 км2, а вкупното население од 65.073.482 жители (1 јануари 2009). Главен град е Парис.
![]() |
| Ајфелова кула |
Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите прекуморски домени и територии исто така се граничи со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со Антилите (во делот на Сен-Мартен). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку каналскиот тунел, кој минува под Англискиот Канал, односно Ламанш.


No comments:
Post a Comment